По средбата со премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети оствари средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според ДУИ, се разговарало за Договорот од Преспа, спорот со Бугарија и новото уставно име на државата. Додека, пак, според ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за гласањето доверба на Владата.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ ја потврдија средбата.
Средбата била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија“, велат од ДУИ.
„Ништо од она што го кажуваат од ДУИ за средбата не е вистина“, рекле од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, на барање на Ахмети се одржала средбата со Мицкоски, на која се разговарало гласањето на доверба на Владата, пренесе „Слободен печат“.
Средбата следи откако денеска во Собранието беше поднесена иницијатива за гласање доверба на Владата. Иницијативата е поднесена со потписи од 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.
Заев и Ахмети го напуштија Собранието, лидерот на СДСМ добил покана од Џафери