Али Ахмети, лидерот на ДУИ во колумна за денешен Дневник повикува на решение на името и конечно, влез во НАТО, што всушност е и насловот на оваа колумна -“Време е за НАТО”
Oколу решението за името Ахмети вели: “Ако некој се повикува на зрелост, патриотизам, граѓански интерес, рационалност, а зошто и да не и на идентитетска определеност, велам дека не треба да имаме повеќе ниту една дилема дека токму сега е моментот Република Македонија и нејзините граѓани, со тие што ги носат одлуките да го направат потребниот чекор.
За некого, ова може да биде чувствително, идентитетско прашање. Но, како што нагласив, за една земја, определбата со какви вредности посакува да живее и да се претставува, исто така преставува дел од идентитетот.”
Оттука, тој бара голема одлука за која треба храброст: “За секоја голема цел, треба да се донесе и една голема одлука. И за двете работи, потребна е храброст. Заедничка храброст.
Ние имавме трпение, разбирање за чувствата на мнозинството, за чуствителноста и одговорноста на нашите политички владејачки партнери, но и регионално и меѓународно разбирање.
Чекавме со голема одговорност и разбирање. Но, дојден е момент кога не треба да отсуствуваат храброста и одлуката за да се направи с` што е наша одговорност за да ја отстраниме секоја пречка за да бидеме таму каде што треба да бидеме – во Северноатлантскиот сојуз.
За нас, оваа одлука не може да има алтернатива”.