Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ: Нема листерија во ниту една од 15-те испитани мостри на Екстра меин

0
By Менче Атанасова Точи on August 13, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е утврдено присуство на бактеријата листерија во ниту една од 15-те испитани мостри земени од погоните во фабриката Екстра меин , како и од два примерока од сецканиот свински врат и четири адитиви, сите испитани во Институтот за јавно за јавно здравје, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

-По минатонеделното известување од Министерството за здравство, дека е детектирано присуство на листерија (Listeria monocytogenes) во производ сечкан свински врат земен од малопродажен објект во Гевгелија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство преземаа опсежни контроли во месната индустрија „Екстра меин“ од Куманово.

Во рамки на контролите земени се вкупно 24 мостри од производи и адитиви кои се користат во производството, вклучително и од лотовите каде беше детектирано присуство на оваа бактерија, 10 брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално може да се утврди присуство на оваа бактерија. Земени се и 2 бриса од материјали кои се користат во производството, а кои доаѓаат во контакт со храната.

Лабораториско испитување на земените мостри и брисевите, согласно препораката на Комисијата за заразни болести, паралелно се врши во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина и во Институтот за јавно здравје.

Досега, Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби сите резултати од анализите на брисевите,материјалите кои доаѓаат во контакт со храната и мострите од суровините и готовите производи направени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина и сите се негативни, односно одговараат на Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна.

Од мострите и брисевите кои се испитуваат во лабораториите на Институтот за јавно здравје до Агенцијата се пристигнати 9 резултати за земени брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално може да се утврди присуство на оваа бактерија, како и за испитани две мостри од спорните лотови вакумиран сечкан свински врат и 4 мостри од адитиви. Сите анализи се негативни, односно кај досега испитаните 15 мостри и брисеви од страна на Институтот за јавно здравје, не е утврдено присуство на бактеријата. Истите одговараат на одредбите од Правилникот.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги обработува пристигнатите резултати и по нивното комплетирање ќе ги преземе сите со закон предвидени мерки и активности за информирање, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.