Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АИ ги осудува систематските произволни апсења во Венецуела

0
By Ана Василевска on August 29, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Амнести интернешенел“ денеска ги осуди „произволните притворања од политички причини“ во Венецуела, укажувајќи на „систематски напади“ врз населението и повика да се ослободат околу 300 лица, кои се сметаат за политички затвореници, пренесуваат француските медиуми.

„Произволните политички мотивирани притворања во Венецуела продолжуваат да бидат дел од систематски и широко распространетите напади врз народот во оваа земја“, напиша невладината организација во својот нов извештај „Arrested Life“ за притворите во Венецуела меѓу 2018 и 2023 година.

„Ова има за цел да ги замолчи луѓето кои не се согласуваат со владата на Николас Мадуро или со постигнувањето на други политички цели“, додаде невладината организација.

„Разновидноста на профилите на произволно притворените лица во Венецуела покажува дека прогонот не е насочен само кон неистомисленици, туку е и начин да се испрати порака за заплашување до роднините на притвораните“, се додава во извештајот.

„Амнести интернешенел“ особено го истакнува „озлогласениот недостаток на независност на судскиот систем, прекумерните максимални казни, покренувањето обвинение против поединци во специјализирани судови кои разгледуваат случаи поврзани со тероризам“.

Организацијата, исто така, идентификуваше „шеми“ во притворите: без налог и често „тајни“, при што притворениците се „изолирани“.

„Правото на слобода, правично судење, интегритет и слобода од тортура или малтретирање често се прекршуваат кога се користат овие практики“, пишува невладината организација.

Амнести интернешнал Венецуела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.