Во раните денови на вселенските истражувања, астронаутите храната обично ја извлекуваа од туби и таа беше носена во дехидрирани пакувања.
Но денес имаме различни видови храна што можеме да ја најдеме и конзумираме на Земјата со тоа што за нашите услови потребни се некои помали приспособувања.
Да земеме на пример , сендвичи. Потребна ни е замена за леб и затоа одбиравме тортиљи.
Но зошто? Лебот се рони а ронките паѓаат на земја, но тука тие би лебделе .
Од друга страна тортиљите што ги користиме се спакувани во специјани пакувања
Овие тортиљи имаат рок на траење од 18 месеци
Отворете ја тортиљата и еве! О, ми побегна.
Го отворам путерот од кикирики.Хм, не можам да го отворам. За среќа имам вселенски ножички. Имаат закачено јаженце за да не ми побегнат. Го отварам пакетчето и го мачкам путерот од кикирики на тортиљата.
А сега и малку мед. Имам една одлична работа да ви кажам за медот . Поради безтежинската состојба меурот не се наоѓа на врвот туку во средина. Тортиљата со путер од кикирки е свиткана и подготвена за јадење. Воопшто не е лошо.
Последното парче од мојот сендвич. Многу е вкусно, но моите раце се лепливи, мора да ги исчистам. Тука немаме чешма со вода, па ќе ги исчистам на друг начин. Дезифекциони шамичиња. Фин и хигиенски начин на чистење во вселенска станица. Ова оди во смет, ручекот е завршен.