Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акцелераторот не работи, набавен без неоходни делови

0
By Менче Атанасова Точи on June 9, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Новиот акцелератор на Клиниката за онкологија не може да проработи бидејќи бил набавен без основните делови кои се неопходни за негово комплетно функционирање. Апаратот е набавен без ласери, во него нема систем за ладење, ниту софтвер за кој треба дополнителни 110 000 евра.

Нема ниту електронски уред за контрола на зрачење кој и доколку се порача и се платат потребните 250 000 евра производителот ќе го достави дури по четири месеци. За комплетно стартување на апаратотот потребни се уште 410 000 илјади евра.

Според директорот на Клиниката за онкологија Милан Ристевски на тендерот кој бил распишан и се одвивал под мистеризни околности во Министертвото за здравство не биле предвидени овие делови кои се неопходни за ставање во функција на апаратот.

– Акцелераторот е набавен е без основните делови и на него засега може да се зрачат само пациенти кои имаат патолошки тумори на глава, кои се ретки и преставуваат 10 проценти од вкупниот број на болни. Неможе да се врши зрачење на останати делови на телото изјави Ристевски за НОВА.

Апаратот е купен за 2,3 милиони евра, а неговата сума кога ќе се комплетира ќе достигне до фантастични 3 милиони евра.

Овој апарат служи за зрачна терапија на болните од рак и со неговото пуштање во употреба требаше да се намалат листите на чекање на кои сега се чека по 2,5 месеци. Акцелераторот свечено беше пуштен во употреба пред повеќе од еден месец кога присуствуваше и премиерот Груевски, но тогаш не беа обелоденети овие податоци.

Ристевски вели дека сите делови треба да ги набави клиниката од сопствениот буџет за акцелераторот комплетно да проработи кон крајот на годината. За овие и други прашања кои ги засегаат најтешко болните, но и вработените на оваа клиника повеќе од разговорот во видеото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

ВЕСТИ November 5, 2025

Левичарскиот демократ Зоран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк, според проекциите на американските…

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери воБиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.