Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако не им се зголемат платите, просветните работници ќе штрајкуваат

0
By НОВА ТВ Balaban on March 17, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Масовен јавен протест или генерален штрајк на вработените во образованието, најавија од СОНК доколку не се постигне договор со Владата за усогласување на платите на просветните работници. 

Советот на СОНК ќе заседава во сабота, а на седницата ќе треба да се донесат одредени заклучоци за кои Синдикатот одобрение и поддршка ќе бара и од членството. Не ја исклучуваат можноста одлуката на Советот да биде протест или штрајк. Ќе се активира доколку не се најде заедничко решение со Владата за усогласување на платите во образовната дејност на национално ниво согласно Колективните договори.

Според СОНК усогласувањето треба да важи за вработените во основното, средното и високото образование, како и за оние во ученичките и студентските домови.

„Револтот од членството е огромно, членството очекува од нас енергична синдикална акција. Се додека не се исцрпат сите синдикални средства ќе се обидеме да најдеме заеднички јазик со надлежните“, рече на денешната прес конференција претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Неделков алармира дека со покачувањето на минималната плата 10 различни работни позиции во градинките ќе земаат иста плата и покрај тоа што имаат различен степен на сложеност на работата.

“Во основното образование 5 работни позиции, а во средното образование 4 работни позиции со различни коефициенти и различна сложеност на работа од 1 април ќе земаат минимална плата. Непринципиелно е да не се почитуваат колективните договори кои што имаат сила на Закон”, додава тој.

Според информациите на СОНК, од понеделник до среда во Владата ќе заседава Економско-социјалниот совет, каде ќе се разговара и за усогласување на платите на вработените во јавниот сектор, пред се во образованието.

Ако преговорите не бидат успешни, голема е веројатноста дека просветните работници масовно ќе излезат на улица, додаваат од СОНК.

(Б.Божиновска)

просветните работници ќе штрајкуваат
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.