Ирена Лозана: Јас сум жена, сопруга, мајка на дете со посебни потреби. Но, јас сум и ментор за родители на деца со нервнодивергентни состојби, работам и во дневниот центар „Доза среќа“ за деца со Даунов синдром, предавам инклузивна јога за нервнодивергентни деца, вежбаме зумба, емоционална интелигенција. По пет години откако е донесен Законот за инклузивно образование за децата во основно образование, ние се враќаме чекор назад. Она што јас можам да го кажам е дека се зборува за инклузија и кој сѐ побарува да биде инклудиран, како да биде инклудиран, најчесто инклузијата се поврзува со лицата со посебни потреби, најчесто во основното образование, градинките се оставени на маргините да се снаоѓаат сами, иако раниот детски развој е најважен од сѐ. Линк