Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако за Бугарија е битна историјата, за Македонија треба да биде постоењето

0
By Marija Todorovska on September 4, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бајките за нивната борба за македонска држава и нација се бајки кои освен излудените Македонци не би можеле да ги прифтат ниту децата што Мицкоски ќе ги учи да ја сакаат Таткивината.

Бранко Тричковски

Во хиерархијата меѓу нас не одлучува дарбата, разумот,моралните вредности, историјата, туку стварното постоење.

Не бивањето.

Да се биде е ништо.

Постоењето е клучно.

Проблемот е во тоа што вмро не исхендикепира во постоењето мафтајки наоколу со тоа што сме и што сме биле.

Џабе, ако не постоиме

Низ националната и индивидуална емисија на вредности.

Ако не пулсираме.

Или ако светиме како сијалица пред прегорување.

Тоа е глупаво во сите варијанти освен во варијантата во која вмро сака глупоста за бивањето да ја искористи како оружје против постоењето.

Јас мислам дека токму тоа се обидувааг да го направат.

За организмот не е битно срцето туку тоа што овој орган пулсира и пумпа крв.

Пумпањето носи живот, не срцето.

Историјата е битна само како сегашност.

Од прикаските за корените можеме да направите чорба.

Ако сме паметни.

Во што се сомневам.

Дури и со хендикепите би можеле во односите со Бугарија да настапуваме со поголема скромност во однос на минатото. Прво, затоа што во однос на фактите тие се во предност од 10:1.

Но, вредноста на нашето постоење ја надминува таа разлика.

Ако раѓа плодови.

И за таа разлика односно за нејзиното совладување вреди да се истрпи некаква емотивна траума која е односно може да биде резултат на лагите во кои е роден македонскиот емоционален корпус.

Мене на пример ужасно ќе ме заболи к…т ако прифатиме дека Самоил бил бугарски цар.

Дека Гоце е Бугарин кој Македонците го позајмиле за апостол на својата борба за слобода и национална легитимација.

Или дека сите формации на вмро, значи не само врховистите, организирале модни ревии и шумски прошетки за ослободување на Македонија како бугарска земја.

Македонците тогаш и сега во Бугарија биле територијално одредени Бугари.

Македонската емиграција во Софија била составена од Бугари од Макединија.

Бајките за нивната борба за македонска држава и нација се бајки кои освен излудените Македонци не би можеле да ги прифтат ниту децата што Мицкоски ќе ги учи да ја сакаат Таткивината.

Генерално треба да го сменимеме основниот наратив кој нас не одредува како Македонци по тоа што не сме Бугари.

Ние сме Македонви по тоа што постоиме и емитираме односно пулсираме релевантни значења кои не легитимираат како такви.

Според тоа, господине Димитров, потврдете го Договорот, со се протоколите со кои ги плапевте Македонците и им упропастивте  пет-шест години и преговарачката рамка врз основа на тоа и на консензусот во рамките на Евроспката унија и прашајте ги Бугарите да не сакаат уште нешто па и тоа нешто набутајте го во договорот, нека луѓето да ги направиме среќни.

Прашањето на јазикот беше решено и се надевам дека така и ќе остане, но и тука е битно постоењето, а не историското разбирање односно дефиниција.

Мораме да разбереме дека пред да ја оквалификуваме бугарската позиција кон Македонија како политичка агресија, мораме да разбереме дека тоа е кај нив културна, светогледна и историска работа кон нешто што историските конвулзии го откинале од нејзинито тело.

Нема никаква смисла да расправаме за тоа колку се во право.

А ако решиме да расправаме се плашам дека ќе на….е.

Така што, памет во глава.

Тие отстапки ќе ја засилат нашата позиција затоа што нашето постоење по дефиниција е супериорно во однос на бугарското постоење пред осумдесет или повеќе години.

Ова ќе биде политичко решение според начинот на решавање, но според суштинтаа тоа е природно решение кое ќе не направи со Бугарија и Бугарите најдобри пријатели.

Сакате ли да ви ја кажам алтернативата?

Ај друг пат!

Само ќе кажам дека мисијата на вмро ја бутка работата во сосема друга насока.

Од Фејсбук ѕидот на авторот 

Бранко Тричковски Бугарија ВМРО Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.