Македонскиот актер Благој Веселинов синоќа на берлинскиот филмски фестивал ја прими наградата за најдобри млади актери на Европската филмска промоција, која се доделува на европски таленти во подем.
Покрај Веселинов, кој стана познат по улогата во филмот „Исцелител“, наградата ја добија уште 9 млади актери од Данска, Естонија, Германија, Ирска, Исланд, Норвешка, Полска, Србија и Шведска.
Наградите ги врачија режисерката Теона Митевска и актерот од Исланд, Ингвар Сигурдсон.
Од Македонија пред Веселинов, оваа награда ја добија Лабина Митевска во 2009 и Наташа Петровиќ во 2011.