Активистите се револтирани после масакрот на дрјвата спроти Хотел Бристол, ноќеска околу 3 часот. Тие апелираат до граѓаните да се спречи уништувањето на зеленилото.
Стотина полицајци и специјалци рано утринава, насилно ги отстраниле граѓаните кои кампуваа токму во паркчето, со цел да го спречат сечењето на дрвја. Граѓаните биле влечени и туркани а полицијата им ги одземала телефоните и фотоапаратите за да го спречи снимањето на уништувањето на зеленилото.
Ова место со иницијатива беше преименувано во „Парк на Груевски“ – пред еден и пол месец се одржа и протест, а активисти на неколку граѓански здруженија се обидуваа да го заштитат паркот.
На ова место, едно од последните места со зеленило во градот, ќе се гради новата зграда на Советот за радиодифузија, во барокен стил.
За НОВА говорат Ненад Матевски, Граѓанска иницијатива, Влатко Ристески- “Одраз” и Ѓунер Исмаил, аналитичар.