Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска ЦИВИЛ со едукативни активности за борба против дезинофрмации во Штип, Свети Николе и Кочани

0
By Marija Todorovska on February 13, 2024 ВЕСТИ
activism civil FYM 12022024
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
  • БРИФИНГ ВО ШТИП: ЦИВИЛ ќе одржи брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“ во Штип, со почеток во 12 часот.
  • Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на локалните медиуми за изјави.
  • Тимовите на ЦИВИЛ денеска ќе бидат во Штип, Свети Николе и Кочани. Брошурата „Ослободи го умот“ ќе биде достапна на штандот на организацијата. 

ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите. Тимовите на ЦИВИЛ денеска ќе се сретнат со граѓанките и граѓаните на Штип, Свети Николе и Кочани. По вчерашните средби на повеќе локации низ главниот град, тимовите известија дека реакцијата е мошне позитивна. Според извештаите, коментарите на дел од луѓето биле дека ова за нив е новост и освежување, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број информации во медиумите за кои веќе не се сигурни дали се виситина или лага.

Напладне, во Штип, претставниците на ЦИВИЛ ќе одржат брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“ со почеток во 12 часот.

На брифингот, ЦИВИЛ ќе ги презентира активностите во оваа област и со присутните ќе размени информации, ставови и препораки за постојните состојби, како и за тоа што е потребно за да се надминат последиците предизвикани од дезинформациите и странското малигно влијание во нашето општество. Посебен акцент ќе биде ставен на конкретни предлози како да се изгради отпорно општество.

Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на локалните медиуми за изјави.

„Како и во другите клучни области, така и во областа на борбата против дезинформациите и хибридните закани, ние работиме заедно со граѓанките и граѓаните на нашата земја. Не можете да очекувате ефикасност и успех, ако немате директна комуникација со луѓето. Во изминатите 25 години, ние токму тоа и го правиме – работиме заедно со граѓанките и граѓаните, бидејќи ние сме дел од нив“, изјави Џабир Дерала во пресрет на денешното патување низ источниот дел на земјата.

Тимовите на ЦИВИЛ дистрибуираат едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ низ целата земја. Брошурите содржат основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Таа може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.

Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ. Истовремено, во тек е и објавувањето на едукативни видео спотови на трите јазици на медиумската платформа на ЦИВИЛ, во рубриката ЕДУКАЦИЈА.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

брифинг дезинформации ослободи го умот ЦИВИЛ Медиа Штип
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.