Активни се 12.324 случаи во државава од кои најголем број 6484 се во Скопје. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени се 4.695 тестови, регистрирани се 1.045 нови случаи со КОВИД-19, 25 починати и 2.418 оздравени пациенти. Од вкупно 1.045 позитивни, регистрирани се 132 реинфекции.
Потпретседателката и раководител на Одделот за воспаленија и имунолошки истражувања во компанијата „Фајзер“, доктор Елена Пеева, македонка, која 30 години живее и работи во САД во интервју за МИА истакнува дека клиничките и епидемиолошките испитувања недвосмислено покажуваат дека засилувачката вакцина дава подобра заштита за омикрон варијантата отколку една или две дози од вакцините против Ковид-19.
– Засега немам информации за значителни несакани ефекти по примање на засилувачка вакцина на Фајзер кај луѓе кои претходно се имунизирани со други вакцини. Засилувачката доза не мора да биде иста со вакцината која е користена при првичната имунизација. Американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ) препорачува дополнителна доза со мРНА вакцина против Ковид-19, односно на Фајзер или Модерна, независно од типот на претходните две дози. Нема податоци за зголемени или нови нус појави кога мРНА засилувачката вакцина се комбинира со претходни дози од различните типови на вакцини, вели д-р Пеева.

Јужна Кореја вчера надмина еден милион случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, а здравствените власти забележаа рекордни 38.691 нови инфекции во моментот на ширење на варијантата Омикрон.
Јужна Кореја го потврди својот прв случај на Ковид-19 на 20 јануари 2020 година и набрзо стана првата земја, покрај Кина, која се соочи со голема епидемија. Агресивната стратегија на следење, употреба на маски и карантин и помогна на Јужна Кореја да го ослабне почетниот бран на инфекција и да го задржи низок бројот на смртни случаи без да воведе целосно затворање. Бројот на нови дневни случаи е речиси петпати поголем од две недели порано кога почна да доминира варијантата Омикрон, но бројот на сериозни инфекции е на подносливо ниво, велат властите.
Официјалните лица во петокот објавија дека ќе ги продолжат мерките за физичко растојание за најмалку уште две недели, вклучувајќи полициски час за деловни активности во 21 часот и ограничување од шест лица за приватни собири. Вкупно, Јужна Кореја забележа 1.009.688 случаи на Ковид-19 и 6.873 смртни случаи. Речиси 86 отсто од населението во земјата со 52 милиони жители е целосно вакцинирано, а повеќе од 54,5 отсто примиле бустер доза.
Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата.
– Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство.
Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти. Израелските болници се борат со пренатрупаност, но во исто време, постојат знаци дека бранот на варијантата Омикрон во Израел се намалува. Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјава. Според израелското Министерство за здравство, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи. Најголемиот број беше на 23 јануари, кога Израел имаше повеќе од 85.000 нови случаи, најмногу од почетокот на пандемијата.
Светскиот лидер во вакцинацијата во првите бранови на пандемијата, Израел го усвои мотото „Живеење со Ковид“ неколку месеци пред доаѓањето на Омикрон варијантата на коронавирусот.