Откако по грешка беше убиен командант на сунитските бунтовнички групи, бунтовниците во Сирија поврзани со Ал Каеда бараат „разбирање и прошка“ бидејќи во објавена снимка, триумфално ја прикажаа главата на егзекутирана личност за која мислеле дека е непријател, а всушност убиле „колега“ екстремист.
Во видео-записот, припадниците на Исламските држави Ирак и Ал Шама, триумфално го опишуваат егзекутирањето на, како што велат, припадник на ирачката шиитска полиција, која се бори на страната на претседателот Башар ал Асад.
Меѓутоа, востановено е дека на снимката е прикажана глава на член на Ахрар ал Шама, сунитска исламистичка бунтовничка група која се бори заедно со ИСИ, иако не ја застапуваат идеологијата на Ал Каеда.
По истрагата, портпаролот на ИСИ, соопшти дека е убиен Мухамед Фарес, командант кој неколку дена пред тоа исчезнал. Иако тоа не можеше да се потврди, од архивски снимки од Фарес, може да се потврди сличност со главата прикажана на егзекутираниот бунтовник.