Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алаѓозовски бара од директорот на МНТ да го казни Тони Михајловски

0
By Нова ТВ on June 20, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за култура одговори на барањето на Здружението на новинари на Македонија да поведе дисциплинска одговорност за актерот и уметнички директор на Македонскиот народен театар, Тони Михајловски, поради неговите закани по живот упатени на адреса на новинарот Бранко Тричковски.

Од Министерството оценуваат дека „најостро го осудуваат јавно искажаниот говор на омраза од страна на актерот Михајловски“. За неговиот последен истап, сметаат во Министерството, освен кривична одговорност, постои и дисциплинска одговорност во рамките на установата во која е вработен.

Но, како што нагласуваат од ресорот со кој раководи министерот Роберт Алаѓозовски, со оглед на тоа дека станува збор за актер-првенец во МНТ, на директорот Дејан Пројковски најдиректно му е посочено дека има обврска да постапи согласно законот и да поведе дисциплинска постапка против Михајловски за повреда на угледот на установата.

ЗНМ вчера побара од Основното јавно обвинителство во Скопје кривично да го гони Тони Михајловски, со прекар Шанац, за сторени кривични дела по член 144 и член 386 од Кривичниот законик, против новинарот Тричковски.

Во барањето, тие потсетуваат дека на 16 јуни оваа година Михајловски на својот профил на Фејсбук ја напишал следната содржина: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми Боже“. Истиот ден, од неговиот Фејсбук профил на друг Фејсбук статус напишал „Не сме се разбрале. Јас не сакам да го гледам низ нишан, ниту, пак, да трошам 2 евра. Со раце, за да се гледаме во очи. Не би ја пропуштил таа фаца при испуштање душа“.

ЗНМ смета дека со овие објави Михајловски експлицитно упатува закана по живот на новинарот Тричковски и ја става во опасност неговата сигурност. Од ЗНМ укажуваат дека овие постови се објавени на Фејсбук профилот на Михајловски, кој е следен од повеќе од 35 Фејсбук пријатели, што за македонски услови претставува голема публика.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

ВЕСТИ October 9, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до…

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.