НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аларм на Синдикатите: Вработени во јавни институции не добиле дневници за „работа во недела“ – Владата најави дека сите кои не го почитувале Законот ќе бидат јавно објавени

0
By Biljana on February 16, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем број работници останаа разочарани откако со исплатата на јануарската плата останаа „куси“ за најавеното покачување за работа во недела.

Вработени во дел од институциите од културата, во некои јавните здравствени установи, па дури и во Компании од енергетскиот сектор, веќе се пожалиле кај матичните синдикати дека не ја добиле законски одредената исплата за работа во недела.

Ваков бил случајот со повеќе вработени во национални установи, кои реагираат преку Синдикатот за културата.

Оттаму за НоваТВ откриваат дека вработени во службите за обезбедување, како и билетопродавачи, водичи и други работни позиции кои минатиот месец работеле за време на викенд, не добиле исплата за одработениот ден во недела.

„ Во најголемиот дел од институциите каде што е исплатена плата има вработени на позиции обезбедување, билетопродовачи, водичи итн., но тие не се исплатени за работа во недела. Сигурни сме за НУ Конзерваторски центар Скопје, НУ Завод и музеј Штип, НУ Музеј на современа уметноста, а за другите не е јасно затоа што немаме увид во исплатите. НУ Спомен куќа на Мајка Тереза е единствена каде што се исплатени неделите кај варботените во платата за јануари.  Има и институции кои немале вработени анагажирани во недела, па имаат исплата на плата. Вообичаено тука имаат ангажирано надворешни агенции за обезбедување. Има и ситуации каде директорите ја реорганизирале работата, па така во институциите нема чувари во сабота и недела, ниту пак има простор за посети за одредени знаменитости“, ни одговорија од Синдикатот.

Според СКРМ, се работи за прекршување на Законот за работни односи од страна на Министерството за култура и дел од институциите поради што бараат од Министерството да утврди одговорност кај сите директори на институциите кои го прекршиле Законот за работни односи.

„Во спротивно, ќе започнеме со правни постапки за заштита на правата на вработените во културата“, велат од Синдикатот на културата.

Оттаму алармираат и дека во дел од институциите од културата не е исплатена платата за месец јануари поради тоа што нивните пресметки за плата се направени согласно последните измени на Законот за работни односи за недела како неработен ден, па Министерството за култура очигледно не знае како да ги процесира.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната прес конференција, без конкретен одговор на прашањето на НоваТВ дали ќе бидат санкционирани оние директори кои со исплата на јанурската плата го прекршиле Законот за работни односи иако работеле во недела.

„Министерството за култура не го крши Законот за работни односи и сите оние кои работеле во недела ќе бидат исплатени согласно измените. Проблемот се јавува кај оние институции каде без основа и спротивно на одредбите на Законот за работни односи, во делот за недела ден за одмор, тие работеле, што всушност влијае на забавената исплата. Министерството за култура засилено работи на проектирање на буџетот, како и за нова реорганизација на институциите за обезбедување на услови за оптимална работа на сите установи, односно калкулации со колкав човечки фактор треба овие институции, каде што не смее да се прекине процесот на работа, мора да биде застапен и тоа мора да го направиме најоптимално и најподобно за сите инволвирани страни“, рече министерката Костадиновска – Стојчевска.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати, за НоваТВ велат дека до сега кај нив, по основ добиле поплаки од работници во РЕК Битола, кои се пожалиле дека со јануарската плата не го добиле покачувањето за работа во недела.

По наводите на Синдикатот, од АД ЕСМ за НоваТв велат оти преку Народниот правобранител се обрати до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија за автентично толкување на неколку членови од Законот.

„Имено, АД ЕСМ побара автентично толкување на одредбите од Законот кои се однесуваат на работниците кои работат во смени и досега нивниот ден на неделен одмор се утврдува согласно месечниот распоред на работното место. Дилемата што произлезе од член 134 став 2 на Законот за измена и дополнување на Законот за работни односи е дали за организираната работа во смена во процесот на производство на електрична енергија на работниците треба да им се исплатува и надоместокот за работа на смена и надоместокот за работа во недела имајќи во предвид дека во исто време тие остваруваат и два дена неделен одмор кој за работниците во смена зависи од распоредот на работното место и може да биде понеделник и вторник или други два дена во седмицата. Исто така, АД ЕСМ побара автентично толкување и во врска со исклучоците предвидени во Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи за работниците кај работодавачите кај кои работниот процес е со таква природа што не може да се прекине поради техничко – технолошкиот процес“, велат од Компанијата за НоваТВ и додаваат дека до добивање на автентичното толкување, платата на работниците ќе се исплаќа согласно Колективниот договор.

Оттаму најавуваат дека доколку добијат потврда оти Законот се однесува и за работниците кои работат во смена, со наредна плата ќе им биде исплатен и надоместокот по тој однос, а со исплатата ќе биде опфатен периодот од стапувањето во сила на Законот.

Од Министерството за труд и социјална политика, пак, најавуваат дека сите фирми и институции кои нема да исплатат повисока дневница за најмалку 50 отсто за  работа во недела, ќе бидат објавени јавно.

„Со оглед дека согласно Законот исплатата на платите за месец јануари требаше да заврши до вчера, од денеска Државниот инспекторат за труд е во интензивни надзори кај сите работодавачи кои согласно Законот може да работат во недела. Надзорите ќе се прават до крајот на овој месец, по што на веб страницата на ДИТ ќе биде објевен завршен извештај во кој сите граѓани ќе може да прочитаат кои работодавачи го прекршиле Законот и не им исплатиле на своите работници надомест за работа во недела, а ќе бидат објавени и сите оние фирми кои го почитувале Законот и ги исплатите платите за јануари зголемени за оној износ кој е определен со Законот за работни односи, за работа во недела“, рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Државниот инспекторат за труд секоја недела врши вонредни инспекциски надзори за да утврди дали работодавачите ги почитуваат одредбите од Зконот за работни односи и Законот за трговија. Минатиот викенд, во недела на 13.02.2022 година дежурните инспектори за труд извршиле вкупно 51 вонредни инспекциски надзори во 9 региони на територијата на РСМ.

При инспекциските надзори утврдени биле неправилности кај 9 работодавачи кои не го почитувале Законот за работни односи и Законот за трговија. Од нив, седуммина добиле опомена, а за двајца работодавачи била изречена забрана за работа.

Измените на Законот за работни односи, со кои недела е ден за одмор за сите работници, освен во оние дејности каде не смее да запте техничко-технолошкиот процес, како и одредени дејности во трговијата на мало, стапија на сила на 1 јануари. Со ова законско решение, за 92 проценти од работниците недела стана ден за одмор, а оние останатите кои ќе мора да одат на работа ќе треба да добијат зголемена дневница во износ од најмалку 50 проценти.

(Б.Божиновска)

недела неработен ден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.