Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алармантна загаденост: Скопје повеќе од 100 дена со концентрации над дозволеното

0
By Нова ТВ on November 7, 2013 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воздухот во Скопје годинава повеќе од 100 дена бил загаден со измерени концентрации над дозволеното.

Податоците заклучно со септември покажуваат дека во Гази Баба концентрацијата на ПМ10 била над дозволеното 110 дена, во Лисиче 107, во Центарот кај Ректоратот 68 и во Карпош 56 дена.

Податоците за зголеменото загадување, на места и по 7- 8 пати над дозволеното, може да се видат и на официјалната страница на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Високи концентрации на ПМ10 или суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри. Над дозволеното беа и во октомври, а максимумот е забележан на 3-ти и 4-ти овој месец над 180.

Покрај Скопскиот, високи концентрации се бележат и во Тетовскиот, Битолскиот и Кавадаречкиот регион.

Максимално дозволениот број денови со надминати вредности на суспендирани честички во годината е 35, а мерки се преземаат доколку има високи концентрации во пет последователелни денови. При надминување на граничните вредности, властите се должни да дефинираат мерки за намалување на концентрациите на загадувачката супстанција. Најважните гранични вредности за заштита на здравјето се вредностите зададени за концентрациите на суспендираните честички и азот диоксидот.

Во Македонија, граничните вредности за ПМ10 во голема мера се надминуваат, а надминувањата на граничните вредности на НО2 се можни во околини со сообраќај. За останатите загадувачки супстанции, надминувањата на граничните вредности не се толку чести.

Покрај вредностите за заштита на човековото здравје, за заштита на вегетацијата се одредени критични нивоа. Тие се валидни за рурални земјоделски и шумски области и се одредени за заштита од ефектите на загадување на дрвата, останатите растенија и екосистеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
ФОКУС

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

ВЕСТИ October 21, 2025

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот…

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025
ТИКЕР

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.