Шокантна листа на прехрамбени производи кои во себе содржат генетски модифицирана храна објави Гринпис.
Во документот на Гринпис „Водич на Гринпис за Генетски модифицирана храна“ има список на производи кои ги употребуваме во секојдневната исхрана.
Бидејќи фирмите не се обврзани во декларацијата на производите да нагласат дали во нив има ГМО, Гринпис одлучи да ја објави оваа листа, со цел да го заштити здравјето на луѓето, а особено на децата.
Еве, некои од најчесто употребуваните производи.
1 Snickers
2 Campbell – супи и сосови
3 Uncle Bens – ориз
4 Lipton – чај
5 Mars M&M
6 Twix
7 Milky Way
8 Cadbury – чоколадо и какао
9 Ferrero
10 Nestle – чоколади
11 Nestle Nesquik – чоколаден пијалок
12 Coca-Cola
13 Sprite, Fanta
14 Pepsi-Cola
15 7-Up
16 Knorr – сосови и супи
17 Parmalat – бисквити
18 Hellman’s – зачини, мајонез, сосови
20 Heinz – мајонез и сосови
21 Nestle – детски пијалок
22 Hipp – детски кашички
23 Abbot Labs Similac -млеко во прав за бебиња
24 Danone – јогурти,кефир сирење, пијалок за деца
25 McDonalds
26 Kraft- чоколади,чипс, пијалок за деца
Целиот попис на храна која во себе содржи ГМО погледнете го ОВДЕ
ГМО се организми чиј генетски материјал е изменет со помош на користење на техника на генетско инженерство, а предизвикуваат рак, стерилитет и многу други болести.
ГМО е забрането во: Алжир, Египет, Шриланка, Тајланд, Кина, Јапонија, Филипини, Норвешка, Австрија, Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Италија, Грција, Франција, Луксембург, Португалија и Саудиска Арабија.
Во Македонија, Законот за ГМО е донесен во 2008-мата година , подоцна претрпе измени, за потоа да биде донесен и Правилник кој ги регулира работите во овој домен.
Во Агенцијата за храна велат дека со Правилникот се регулира кои производи со ГМО може да бидат одобрени и внесени во државата во согласност со легислативата на ЕУ.
-Ние сме подготвени да правиме контроли, доколку некој сака да внесе производи со ГМО, но засега никој не го побарал тоа велат во Агенцијата за храна.
Таму беа скептични во однос на листата на производи на Гринпис која ја превзедоа повеќето светски медиуми.
Во светот последните години постојано се зборува за штетноста на Генетски модифицирана храна, но поради моќта на компанијата „Монсанто“ која е пионер во генетскиот инжинеринг и нивното силно влијание врз светските збиднувања во последните 70 години, едноставно е невозможно да се направи строга легислатива потенцираат светските медиуми.