Албанскиот парламент доцна попладнево го изгласа началникот на одбраната Бајрам Бегај за нов претседател на земјата, што е главно церемонијална функција.
Генерал-мајор Бајрам Бегај (55) стана началник на одбраната на вооружените сили на Албанија во 2020 година, откако имаше различни позиции во армијата, главно во областа на медицината. Бегај ќе ја преземе функцијата во јули од претседателот во заминување Илир Мета. Тој е избран во четвртиот круг на гласање, откако во три претходни круга не беше постигнат консензус.
Во првите три круга беше потребно мнозинство од три петтини од гласовите за да се изгласа новиот претседател. Бегај е избран со просто мнозинство со гласовите на владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама.
Улогата на претседателот е главно симболична, иако има одредени овластувања над судството и војската.