Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија го донесе Законот за враќање на името Пустец

0
By Нова ТВ on March 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието на Албанија со 120 гласа „за“, едногласно го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, чие претходно име беше Ликенас.

„Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците.

– Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана“, изјави градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко кој воедно е и лидер на партијата на Македонците во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

На седницата на Собранието на Република Албанија за време не донесувањето на Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, присуствуваа Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и претседател на македонската партија во Албанија и Васил Стерјовски, претседател на Унијата на млади сили на македонската партија во Албанија.

Претходно во четвртокот лидерот на албанската опозиција Еди Рама, и покрај тоа што неговите пратеници се спротиставија во законодавноправната комисија на албанското собрание за општината Пустец и официјално да си го врати името наместо Ликенас, даде зелено светло дека неговите пратеници ќе го поддржат предлогот Пустец да биде официјално име на општината во која живеат Македонци.

Лидерот на албанските социјалисти Еди Рама имаше големи несогласувања со поранешните премиери, инаку високи партиски функционери и актуелни пратеници Пандели Мајко и Башким Фино, околу поддршката за топонимот Пустец.

Меѓутоа, сепак, Рама наложи од позиција на партиски челник, неговите пратеници да го поддржат предлогот на владејачката Демократска партија предводена од премиерот Сали Бериша и Пустец и официјално да си го врати старото име.

Пратениците на владејачката Демократска партија на Албанија минатиот вторник во законодавно-правната комисија во албанското собрание дадоа зелено светло за барањето на жителите на Пустец, името на општината и официјално да биде Пустец, а не Лиќенас. Според пратениците од партијата на премиерот Сали Бериша има основ името на општината официјално да биде Пустец.

Пратениците на опозициската Социјалистичка партија беа против оваа одлука на демократите и притоа нагласија дека партијата на Бериша оваа го прави во пресрет на парламантарните избори, кои ќе се одржат во јуни.

Башким Фино, екс премиер на Албанија и актуелен пратеник на Социјалистите нагласи дека за оваа прашање можеби ќе треба да има и локален референдум.

Пратеникот на владејачката Демократска Партија Едмонд Спахо рече дека нема потреба од никаков референдум, бидејќи тоа е барање на населението, и не станува збор за политички потег на власта за да добие гласови на претстојните избори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.