Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албански медиуми: Јавното обвинителство на БиХ во тесна соработка со косовското за оружјето во Бањска; ЕУЛЕКС испрати 6 полициски советници во Косово; СПАК ја иззема судијката Олдаши од судењето за Бериша

0
By Ана Василевска on November 24, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По верзијата на српското Јавно обвинителство, дека оружјето употребено во нападот во Бањска, на северот на Косово, од Јавното обвинителство на Босна и Херцеговина соопштија дека го прифатиле барањето за взаемна помош од косовските власти. Обвинителството на Босна и Федералното одделение за полиција во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе ги спроведат потребните активности за утврдување на сите расположливи детали за потеклото на запленетото оружје“.

ЕУЛЕКС соопшти  дека на 23 ноември на Косово пристигнале шест полициски советници кои ќе ги поддржат избраните институции за владеење на правото, известуваат косовските медиуми.

Ова се дел од содржините од изборот што  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Експрес: Обвинителството на Босна и Херцеговина: Соработуваме со институциите на Косово за расветлување на истрагите за нападот во Бањска

Обвинителството на Босна и Херцеговина тесно соработува со институциите на Косово за расветлување на истрагите за нападот во Бањска.

„Босанското обвинителство го прифати барањето за взаемна помош од косовските власти. Обвинителството на Босна и Федералното одделение за полиција во Федерацијата Босна и Херцеговина ќе ги спроведат потребните активности за утврдување на сите расположливи детали за потеклото на запленетото оружје“, соопштија од Обвинителството на Босна, пренесе Газета Експрес.

Бота Сот: Шест полициски советници од Холандија и Шведска пристигнаа на Косово, ќе и даваат совети на полицијата

ЕУЛЕКС соопшти  дека на 23 ноември на Косово пристигнале шест полициски советници кои ќе ги поддржат избраните институции за владеење на правото.

Во соопштението се наведува  дека на посебен начин ЕС на ЕУЛЕКС ќе ја советува косовската полиција како подобро да ги спроведува редовните полициски активности при спречување и борба против криминалот и обезбедување на безбедноста, а истовремено ќе го следи и почитувањето на нивните обврски за човекови права, да им служат на заедниците што ги штитат и да ја градат довербата на јавноста преку полициско работење ориентирана кон заедницата, пренесе Бота Сот.

Телеграфи: ЦИК соопшти дека од денеска гласачите ќе можат да ги менуваат избирачките места  во нивната општина

Централната изборна комисија (ЦИК) соопшти дека од денеска почнува со сервисирање на гласачите, кои ќе можат да го пронајдат и променат Гласачкиот центар.

Како што се наведува во соопштението, оваа служба на ЦИК ќе биде постојана, што значи дека гласачите ќе имаат можност да се информираат за гласачките центри и да побараат нивна замена и во неизборни години, пренесе Телеграфи.

АЛБАНИЈА

Сури: Истрагата на СПАК против Арбен Ахметај е политички мотивирана, се вели во извештај од американска правна канцеларија

Познатата американска адвокатска канцеларија Никсон Пибоди, која важи за една од најголемите и најважните компании не само во САД, туку и во светот, подготви детален правен извештај за случајот покренат од СПАК против поранешниот министер за финансии Арбен Ахметај, пренесе Сури.

АБЦ: СПАК поднесе  барање  до судот за разрешување на судијката Олдаши

Специјалното обвинителство (СПАК) до судот го поднесе барањето за разрешување на судијката Илириана Олдаши, на рочиштето за престанок на безбедносните мерки за поранешниот премиер Сали Бериша, пренесе АБЦ.

СПАК побара изземање на судијата Олдаши од процесот, бидејќи, според обвинителството, е во судир на интереси и треба да го напушти истражувањето на овој случај.

КОЛУМНА

Бота Сот: Политичката реалност и идентитетот

Опозицијата во Косово е поранешната соборена влада, која народот ја тргна од власт. Да се ​​биде опозиција не е само загуба, туку и награда, затоа што народот разрешува влада за да се подобри и да ги смени политиките што го предизвикаа падот: кражби, корупција, непотизам и  воопшто, недостиг на владеење на правото, пишува авторот Лис Букуроца во колумната „Политичката реалност и идентитетот“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

Извор: Цивил Медиа

Избор од албански медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.