Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албум на Боб Дилан со преработки од Синатра

0
By Нова ТВ on January 27, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Точно за една недела во продажба ќе се најде најновиот, 36-ти по ред, албум на американскиот кантавтор Роберт Цимерман, многу попознат како Боб Дилан. Иконата на фолк-рок сцената од САД последниот албум Tempest го издаде во 2012 година, меѓутоа новата плоча ќе се разликува од претходните бидејќи на неа Дилан всушност ќе преработи десет песни на можеби уште попопуларниот пејач и актер од минатиот век, Френк Синатра.

Албумот ќе го носи насловот Shadows In The Night.

Во мај минатата година Дилан пушти на интернет една од десетте преработки, Full Moon and Empty Arms, додека уште еден сингл од најновиот материјал, Stay With Me, се најде на списокот на песни со коишто Дилан лани настапуваше на концертите.

Остатокот од песните досега не се слушнати.

Боб Дилан во неколку наврати потенцираше дека не станува збор за албум со класични преработки, туку, како што рече, на сите 10 песни им вдахнал нов дух и ги оживеал со помош на својот бенд.

Издавачката куќа „Колумбија рекордс“ уште од сега највува дека Shadows In The Night е брилијантно остварување и покрај тоа што Дилан го преработува Синатра без гудачки инструменти, труби и без пратечки вокали кои беа карактерисични за опусот на починатата музичка легенда.

Дилан, кој годинава ќе полни 73 година, повеќе од половина век снима плочи, а дел од неговите најдобри остварувања како The Freewheelin’ Bob Dylan (1963), Bringing It All Back Home (1965), Highway 61 Revisited и (1965) Blonde on Blonde често се во изборот на најдобри албуми на минатиот век.

Песната Full Moon And Empty Arms е напишана во 1945 година и досега доживеала неколку интерпретации меѓутоа онаа на Синатра е најпозната, а интересно е дека нејзиниот автор Буди Кеј ја напишал врз основа на Концертот за пијано број 2. на Русинот Сергеј Рахмањниов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.