НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алeксеј Дума: Недопустиво е што не е направена обдукција на починатата невеста

0
By Менче Атанасова Точи on August 4, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мистерија е смртта на младата тетовчанка Арјета Алити кој почина во неделата, на денот на својата свадба. Врз телото на починатата не била извршена обдукција, бидејќи таква одлука донел Јавниот обвинител дознава НОВА од извори во истрагата.

Обвинителот заедно со лекар од судска медицина извршиле само надворешен преглед на телото на девојката и бидејќи немало траги на насилство, не бил даден налог за да се изврши обдукција со која се докажува причината за смртта. Оваа информација ја потврдија и во Клиничката болница во Тетово.

Првичните, неофицијални информации се дека 23- годишната Арјета починала од срцев или мозочен удар.

Висок преставник од тетовската болницата за НОВА изјави дека се зачудени и нејасно е зошто не е побарана обдукција. НОВА ја контактираше обвинителката која ја води истрагата, но кратко одговори дека не е во состојба да разговара, поради здравствени причини.

Алексеј Дума, директорот на Судска медицина за НОВА изјави дека во судско-медицинската пракса и во кривичниот закон не постои „надворешен“ преглед на телото, туку само преглед и обдукција.

-Доколку смртта настапила ненадејно мора да се направи обдукција бидејќи отвара еден куп сомнежи. Извештај без направена обдукција, со извршен само надворешен преглед не смее да се потпише бидејќи нема доказ за причината за смртта.

Тоа што е направено во случајот се смета како аматеризам во судско- медицинските кругови и целата одговорност ја превзема тој што го потпишал извештајот, изјави за НОВА Алексеј Дума, професор по судска медицина и експерт во оваа област.

Тој вели дека постојат бројни примери од праксата кога незначителна повреда или убод кои не се гледаат надворешно, можат да бидат причина на смрт.

Токму затоа постојат форензичарските анализи, за да се утврди и докаже вистинската причина која довела до смрт. Друга е ситуацијата кај луѓе кои долго време боледуваат од некоја болест, каде смртта е очекувана, вели Дума.

Младата девојка од населбата Горна Чаршија, во неделата требаше да се венча со своето момче од село Доброште, општина Теарце. Тие штотуку се вратиле од Швајцарија каде што ги регулирале документите бидејќи планирале заедничкиот живот да го продолжат таму. За две недели, по свадбата требало да се вратат во Швајцарија.

Според информациите на НОВА, девојката во саботата навечер, на ден пред свадбата до доцна во ноќта заедно со своите другарки славела моминска вечер. Утрото кога се обиделе да ја разбудат за да оди на фризер, таа била мртва, починала во сон. Арјета Алити е погребана во неделата попладнето на градските гробишта во Тетово, заедно со нејзиниот невестински фустан.

Семејството на младата Арјета е во шок и неверување. Траорна е атмосферата и во семејството на нејзиното момче во селото Доброште. Многубројни роднини и пријатели доаѓаат да изразат сочувство на семејството, кое наместо свадбена церемонија ја погреба својата снаа. Смртта на оваа млада и здрава девојка засекогаш ќе остане мистерија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.