Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот:
САД го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција и беа разочарани што претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го користеше уставното име Северна Македонија при инаугурацијата на функцијата, рече во разговор за „Сакам да кажам.мк“ Елизабет Ален, потсекретарка за јавна дипломатија и односи со јавноста на Стејт департментот.
Ален денеска со посетата на Македонија ја заврши турнејата низ земјите на Западен Балкан, при што ги посети Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Линк