На партиски набљудувачи попладневно им бил одземен видео материја кај Петровец од страна на Алфите, во близина на наплатната рампа на влезот во Скопје, изјави за НОВА член на една партија, чиј видео запис е земен.
Партиските набљудувачи ги снимале автобусите кои доаѓале од Пустец, по што полицијата интервенирала и без записник го земала снимениот материјал. Веднаш потоа, набљудувачите пријавиле во полиција, од каде им било ветено дека ќе им биде вратен материјалот.