Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алхемичарот Бујар Османи

22
By Борјан Јовановски on January 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во интервју за емисијата „200“ на Алсат со Назим Рашити, Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ зборува за принципи. При аргументацијата на неговата принципиелност видливи се траги од емоција кон ВМРО ДПМНЕ при што за истите и нема некое поконкретно објаснување. Но емоционалниот живот на Османи ќе го оставиме за некои други прилики бидејќи принципите во случајот се навистина важни.

Бујар Османи смета дека принципот “победник со победник” треба да се почитува затоа што, како што вели во спротивно ќе биде нанесена штета на интересите на етничките Албанци во Македонија. Неговата заложба за принципиелноста е важна исто како и правата на етничките Албанци.

Но кои се принципите? “Победник со победник” е  принцип во некаков договор кој никогаш до крај не беше обелоденет пред јавноста така што уште се со право бројни шпекулациите дека тој принцип воопшто бил некогаш вклучен во било каков Договор. Поранешниот премиер Груевски во Собранието сам вели дека тоа што некој го нарекува договор е само записник од некаква средба.

Како и да е тој Договор  ако го има и ако во него стои некаков член “победник со победник” тоа е договор само меѓу две политички партии коj не обврзува никој друг осем нив па дури ни самите партии доколку утре се сменат нивните раководства.

Аргументацијата на Османи дека ваквиот принцип е важен не е без основа, бидејќи навистина никој не може да ја исклучи можноста дека на некои наредни избори нема да се случи некој друг багер кои ќе ги сруши сите демократски придобивки во оваа држава игнорирајќи ја притоа политичката реалност во Македонија со цел да ги задоволи единствено личните и интересите на сопствената партија.

Во таа смисла Османи има право кога вели дека треба да се спречи можноста во иднина некоја македонска партија со 60 пратеници да земе во коалиција маргинален албански политички играч кој освоил два пратеника и со тоа да ја задоволи математика. За да се превенира таквата можност Османи како висок функционер на ДУИ би требало да се ангажира во процес на обезбедување на поширока јавна дебата која ќе доведе до консензус па и вистински договор потпишан од сите релевантни полатички субјекти околу тоа каква треба да биде формулата за составот на било која идна влада.

Тој процес  во кој целосно ќе биде вклучена јавноста би требало да финишира барем со декларација но во секој случај со документ кој нема да се шверцува како нелегална стока каква што е судбината на фамозниот Мајски договор. Само и само во таков процес кој ќе доведе до широк консензус Бујар Османи може да зборува за принцип кој е важен за било чии права. Се друго делува  како плиток обид да се одбранат лични интереси и позиции, бидејќи без таков договор утре било која друга партија која ќе биде победник на изборите нема никаква обврска да го почитува овој Бујаров “принцип”. Ако сте имале било каков интерен договор со било каков ваш партнер тој не обврзува ама баш никако никој друг кој би можел утре да биде ваш нов партнер. Тоа е барем прилично едноставно да се разбере.

Е сега за принципот sine qua non.

Можноста да се обезбеди плодна и конструктивна дебата која ќе доведе до договор за прашањата околу формулата за состав на било која влада може да се реализира само во општество во кое се почитува врховниот принцип- демократијата. Во услови на “заробена држава” таквата можност не постои.

Граѓаните од етничко Албанско потекло имаат потреба за надополнување на нивните колективни права  но уште повеќе за нивните индивидуални права резимирани феноменално од еден наш соговорник во Арачиново кој изјави дека тој сака канализација а не федерализација како и можност да биде рамноправен во однос на неговите сограѓани носители на партиска книшка кои се секогаш малку повеќе рамноправни од другите.

Кои и да се правата обезбедени на било каква хартија имаат смисла само ако бидат апсорбирани во институциите на државата. За да се случи тоа треба да се испочитува уште еден клучен принцип без кој ничии права нема да видат бел ден а тоа е владеењето на правото.

Доколку Бујар Османи и неговите приврзаници по сите силувања на институциите и законите со кои тие се регулирани до степен на нивно заробување од страна на ВМРО ДПМНЕ успее во преговорите со Груевски да договори тој истите да ги ослободи тогаш за граѓанството станува многу помалку драматично и важно кој со кого ќе ја формира владата.

За мене лично ваквата можност е рамна на алхемиски потфат имајќи во предвид дека за Груевски било кој принцип во доменот на владеењето на правото значи ефектуирање на барем неколку од обвиненијата на СЈО со правосилни пресуди. Доколку Османи има сознанија за мазохистички склоности на поранешниот премиер тогаш преговорите со него за составување на нова влада може би и имаат некаква смисла. Останува да веруваме дека Османи знае нешто што за нас е се уште непознато.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.