Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на државата прв пат без говор на Илинден но со снимена аудио-визуелна честитка до граѓаните

0
By НОВА ТВ on July 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За прв пат годинава на прославата за Илинден, на Мечкин камен во Крушево, претседателот на државата нема да има свое обраќање. Манифестацијата ќе започне во 18 часот, со настап на Никола Ристановски кој ќе го прочита Крушевскиот Манифест, по што ќе има точка Националниот ансамбал „Танец“, како и ансамблот на албански песни и игри, но и музичарот Влатко Стефановски.

Претседателот Стево Пендаровски, како што истакна на брифингот со новинарите, смета дека на народот му е доволно од говори во кои се повикува на единство, а наоколу се случува разединетост.

На одбележувањето во Крушево се поканети претставници на сите политички партии околу 21 на број, а досега учеството го потврдил само претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој за прв пат би учествувал на илинденска прослава во Крушево. Претседателите на ВМРО ДПМНЕ на Левица и на Алијанса на Албанците биле и лично поканувани, брифира шефот на државата, но досега немало потврда за нивно присуство.

Сепак, тоа што претседателот нема да одржи традиционален говор, не значи дека нема да го честита празникот на граѓаните. За таа цел  Пендаровски снимал аудио-визуелна порака во траење од 2 минути.

Една од причините зошто Претседателот Пендаровски  се одлучил за вакво чествување на Илинден и во попладневните часови, е да имале можност и другите претставници на државно-владиниот врв да ја проследат свечената програма за Илинден.

Како дел од чествувањето ќе има полагање на цвеќе на гробот на револуционерот Никола Карев, по што ќе се посети Македониумот и месноста викана „Слива“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.