Учесниците во протестниот марш предводен од Движењето за реформи во ДПА и од Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија и Организацијата на воени ветерани на ОНА пристигна пред Собранието.
Протестната поворка ја предводеше лидерот на Движењето и градоначалник на Струга Зијадин Села. Демонстрантите за време на маршот од Бит Пазар до Собранието извикуваа „Али предавник“, „Кој не излезе не е Албанец“, „УЧК“, а носеа големо албанско знаме.
Пред Собранието ги пречекаа метални барикади од трите страни на улицата, и обезбедување од полициски службеници и припадници на ЕБРД. На Порта Македонија е поставено македонското знаме од вчерашниот протест на ГДОМ. Протестот се одвива мирно и организирано.