Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство.
За таа цел на 21минатиот месец, изврши дополнително вложување во Алкалоид ДОО Белград, друштво кое е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог.
Станува збор за инвестиција вредна 1.800.000 евра наменета за проширување на производните капацитети во производниот погон на Алкалоид во Република Србија, соопштија од компанијата.
Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.

