Член на избирачкиот одбор денеска е уапсен на избирачко место во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир.
Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара, објави „Алсат“.
Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека сѐ уште нема официјални информации за причините за апсењето, додека изборниот процес продолжил нормално.
Надлежните органи се очекува да дадат повеќе детали во текот на наредните часови.

