Алжирскиот патнички авион, со кој денеска беше изгубена врската, се урнал во Нигер, јави приватната алжирска телевизија „Елнахар“.
Авионот со 116 патници се урнал откако навлегол во воздушниот простор на Ниамеј, главниот град на Нигер.
Светските агенции најпрво јавија дека авион исчезнал од радарите 50 минути по полетувањето.
Навигационите служби изгубиле контакт со авионот, кој летал од Буркина Фасо кон Алжир, соопшти Алжирската национална новинска агенција.
Францускиот министер за транспорт соопштил дека многу од патниците во авионот биле Французи, а според неофицијални информации во авионот имало 80 патници од Франција, кои патувале кон Париз.
Членовите на екипажот биле Шпанци, а авионот бил сопственост на шпанската приватна авиокомпанија Свифтер.