Aлжирскиот авион на Air Algerie со најмалку 116 луѓе во авионот кој исчезна од радарот во раните утрински часови од четврток, се чини дека паднал во оддалечена област на Мали, јавува Си-Ен-Ен.
Air Algerie објави преку Твитер дека авионот очигледно се урна во областа Тилемси, околу 70 километри од југоисточниот град Гао.
Летот 5017 изгубил со радарот контакт 50 минути по полетувањето од Уагадугу, Буркина Фасо, рано во четврток, а требаше да пристигне во алжирскиот “Хуари Бумедин” аеродромот околу четири часа подоцна.
Уагадугу аеродромот во соопштението на својата веб страница вели дека француските сили стационирани во областа откриени остатоци на авионот меѓу Гао и градот Кидал, во пустинска зона на која е многу тешко да се пристапи.
Непроодната локација и загриженоста за безбедноста подразбираат дека е мала веројатноста дека медицинска помош ќе оди таму во текот на денот, се вели во соопштението.