Со поддршка за граѓаните кои се противеа на сечењето дрвја во паркот спроти „Бристол“ во Скопје, АМАН вечерва одбележа една година од формирањето на граѓанската акција за поправедни сметки за потрошена енергија.
АМАН беше успешно движење кое и покрај тоа што престанаа протестите, придонесе за намалување на цените, велат претставниците на акцијата за Телма, кои организирааа бројни протести во Скопје и во другите градови.
Движењето верува дека АМАН придонесе за формирање на нова свест кај граѓаните и има во план да ја прошири својата акција. Претставници на ова движење и овојпат ги прекорија пратениците кои ја одбија нивната иницијатива за нов закон за формирање на цените на енергенсите и особено затоа што со омаловажување, па и со навреди, дискутираа во парламентот за Иницијативата.