Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амарилдо Гутиќ, Сараево: Судии и обвинители, партиски „capo dei capi“

0
By Нова ТВ on March 26, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Амарилдо Гутиќ

Неодамна зеничкиот музеј ѝ ја отстапи на Еврејската заедница на користење зградата на поранешната синагога. Ова беше прилика да ги потсетам оние што заборавиле, а на младите да им дадам на знаење дека највредните музејски експонати се украдени во текот на војната, а оние од зградата на поранешната медреса, особено од НОБ, се фрлени на ѓубриште. За ова во 1996 година го снимив документарниот филм „Уста полна барут“. Почетната истрага се разводни од сознанието дека во позадината на сето ова се кадри на СДА. Некои од актерите се починати, а и онака сѐ e отидено, како што се вели со правен речник, во застареност.

„Тито драги“, помислив, „по 25 години за истиот криминал пишувам.“

Имаше назнаки дека во Босна и Херцеговина следи устоличување на владеењето на правото. Пред 18 години беа формирани државната полиција, обвинителството и судот. Странците во овие институции требаше да воспостават нова генерација на „чувари  на законот“ неоптоварени од политичко влијание.

Во партиските картели беше присутна доза на паника поради прокламираното создавање (и) на правната држава. Неколку апсења на политички лидери му дадоа на народот право да мисли дека нема недопирливи. Но, никој не ги виде затворските ќелии. Политичките елити сфатија што треба да прават, стар рецепт од Сицилија.

Полека, но сигурно инфилтрираат свои луѓе во полицискиот и правосудниот систем. За оние кои пружаат отпор, следуваат уцени, мито, медиумска харанга.

Партиските „capo dei capi“ стануваат судиите и обвинителите, бироата за вработување, дилерите за јавни набавки, господарите на животот и смртта. Без нивниот амин, денеска нема ни вакцина за вирусот.

Своевремено видов во обвинителството обвиненија против двајца партиски лидери, еден сè уште активен, слушајќи го соопштението на обвинителот дека ќе бидат објавени наскоро. Тој ден не дојде. Имам илјадници страници истражен материјал, записници и транскрипти од (по закон) прислушувани разговори. Нема сомнение во вклученоста на актерите во криминалните работи. Рекапитулирам каде се денеска некои од нив. Меѓу прочистените биографии, има професор по криминологија, има министри, државни и ентитетски пратеници, директори на јавни претпријатија, советници на премиерот, судии.

Не треба да зачудува неодамнешната општа емпатија кон осуденикот за кражба на неколку шумски стебла, за да си го згрее семејството. И јас самиот го сожалував директорот обвинет за двомесечно вработување на една личност, што би требало да биде доказ дека правниот систем функционира, додека овдешните владеачки партии егзистираат врз основа на сеопшто бесрамно партиско вработување, непотизам и секакви незаконитости.

Редакцијата на порталот „Журнал“ секојдневно е „затрупана“ со писма, со лелеци на „малите“ луѓе за помош, почесто бидејќи не прифаќаат да бидат соучесници во криминал, значи дел од системот, што потоа им се одмаздува на разни начини. Потрагите по вистината околу убиствата на двајца млади луѓе, Давид Драгичевиќ и Џенан Мемиќ, се осамени примери за истрајност во обидите за разоткривање на политичко-полициско-обвинителските завери за заштита на убијците и налогодавците.

Нималку лесна задача во криминализираниот систем, додека оној некорумпираниот и совесен дел од правосудството молчи. Сѐ помалку има подготвени на бескомпромисна борба за вистината, за правдата.

Деградацијата на правосудниот систем точно кореспондира со воспоставувањето и легитимацијата на монополите на владејачката политичка елита. Овие своевидни политички династии во зачеток, од редовите на СДА, ХДЗ БиХ и СНСД, го укинуваат владеењето на правото и наместо тоа устоличуваат свое право на владеење.

Затоа и не може да биде случајност системското деградирање на образованието. На сѐ понеобразованите млади генерации им всадуваат во гените дека државата во која се толерира беззаконие, мито, корупција, измами и лаги, всушност, е „новата нормалност“!

 

Амарилдо Гутиќ, новинар во онлајн-магазинот „Журнал“. Повеќекратно наградуван за авторски документарни филмови и за новинарски приказни на тема корупција и криминал.

Текстот, насловот и фотографијата се преземени од опкружување –  платформа отворена и достапна за сите оние од регионот таканаречен Западен Балкан, чии гласови заслужуваат внимание и кои сакаат со своите текстови, видео записи и други формати да го изнесат својот критички поглед, да понудат нови идеи и видувања за сите случувања во соседството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.