НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амазон „го прекрши законот“: Зошто не успеа обидот за формирање синдикат во Алабама

0
By НОВА ТВ on April 17, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имаше големи надежи за потенцијалното формирање на првиот синдикат во рамките на милтинационалната технолошка компанија „Амазон“. Но, неколкумесечната борба за синдикализација, која се водеше во oгромниот магацин во Бесемер, Алабама (САД) заврши со пораз за работниците. На изборите кои се одржаа во рамките на овој магацин, 738 работници гласаа за синдикализација, а 1 798 беа против, додека останатите 45 проценти не гласаа воопшто. Без мнозинство од 51 насто од работниците на овие избори, обидот за синдикализација не можеше да успее.

Оваа борба за работнички права беше детално следена од медиумите, како и од страна на политичари, кои ги поддржуваа работниците. Поранешниот претседателски кандидат и прогресивен сенатор Берни Сандерс, кој е еден од највлијателните политичари во САД континуирано изразуваше поддршка на обидот за синдикализација во „Амазон“, и излезе со своја делегација во Алабама за да им помогне на работниците. Овој обид до делумно имаше поддршка и од страна на одредени влијателни демократи – како афро-американската политчарка од Џорџија, Стејси Абрамс – но и влијателни републиканци – како поранешниот претседателски кандидат и сегашен сенатор Марко Рубио. Дури и претседателот Џо Бајден даде индиректна поддршка со тоа што рече дека секој работник во САД треба да има избор за дали ќе се приклучи на синдикат или не, и оти тоа е „исклучително важен избор, кој треба да се направи без заплашување или закани од страна на работодавачите“.

Лоши работни услови и економска нееднаквост

По објавувањето на книгата Hired: 6 months Undercover in Low-Wage Britain (Вработен: 6 месеци тајно во ниско платениот сектор на Британија) на британскиот новинар Џејмс Блодворт во 2018 година, стана општо познат факт дека работните услови во магацините на „Амазон“ се исклучително лоши, и дека работниците на таа компанија се под многу строг надзор. Според сведочењето на Блодворт, како и според анкетата која тој ја направил во магацинот каде што работел, 55 проценти од работниците сметале дека почнале да чувствуваат симптоми на депресија, поради нивната работа, а 74 насто од работниците во „Амазон“ избегнувале да одат во тоалет, за да не ги пропуштат своите таргети. Некои работници дури уринирале во шишиња заради ова.

Според репортерско истражување од The Intercept од минатиот месец, уринирањето во шишиња сѐ уште се случува во магацините на „Амазон“, и дури некои од возачите на компанијата, чија работа е да доставуваат пакети, морале да вршат нужда во возилото, бидејќи имале превисоки таргети за достава. Во ова истражување,The Intercept ги споделува официјалните документи од „Амазон“што тие ги добиле, а кои докажуваат дека корпорацијата е свесна за овие проблеми, но не прави ништо за да им ја олесни работата на своите вработени, кои се под премногу притисок.

Исто така, многу внимание се обрна на овој обид за синдикализација, бидејќи беше гледан во контекстот на зголемената економска нееднаквост во САД (а и во светот), особено за време на пандемијата. Џеф Безос, извршниот директор на „Амазон“, стана историски најбогатиот човек на планетата со тоа што има лично богатство од речиси 198 милијарди долари, односно никој пред него во историјата немал толкава сума личен капитал. Само за време на пандемијата богатството на Безос се зголеми за уште 90 милијарди долари, додека низ САД имаше рекордни бројки на невработеност. Зголемениот анимозитет што многу Американци го имаат кон Безос е, всушност анимозитет кон милијардерската класа. Донекаде, оваа класна свест се разбуди со двете претседателски кампањи во 2016. и 2020 година на Берни Сандерс, кој самиот се идентификува како „демократски социјалист“ – нешто што беше незамисливо до пред само пет години во американската мејнстрим политика. Иако кампањите на Сандерс, на крајот беа неуспешни, тие помогнаа да се разбуди и организира пошироко левичарско движење во САД. Исто така се појавија многу нови прогресивни политичари и некои од нив отворено се идентификуваат како демократски социјалисти. На пример, конгресменката Александриа Окасио-Кортез од Њу Јорк — која се идентификува како демократски социјалист — е една од повеќе нови политичари кои беа инспирирани од Сандерс и сега се на позиции на моќ, градејќи сѐ посилно и посилно левичарско движење.

„Вие не заработувате милијарда долари. Вие земате милијарда долари [од некого],“ изјави Окасио-Кортез во нејзиното мошне гледано интервју со афро-американскиот автор Та-Нехиси Коатс, и објасни дека огромните богатства на милијардерите се возможни само преку експлоатацијата на трудот на работниците кои работат за нив. Окасио-Кортез, исто така изрази поддршка за обидот за синдикализација во „Амазон“.

Зошто не успеа обидот и по толку политизација?

Во интервју за Democracy Now!, Стуарт Апелбаум, претседателот на поголемиот, веќе постоечки синдикат Retail, Wholesale and Department Store Union, кој помагаше во процесот на формирање на синдикатот на „Амазон“ во Бесемер, изјави дека овој обид за синдикализација не успеа, бидејќи корпорацијата нелегално се мешала во гласањето. Тој објаснува дека „Амазон“ вработил консултанти, кои биле платени по 3 200 долари дневно за да ја советуваат компанијата, како да го растурат потенцијалниот синдикат и дека тие консултанти ги лажеле работниците дека ако гласаат за формирање на синдикатот, „Амазон“ би морал да го затвори овој магазин, што би значело дека тие би ја загубиле работата. Имало и други техники на дезинформирање и заплашување на работниците, како задолжителни состаноци на кои компанијата се обидувала да ги убеди (некои би рекле да ги заплаши) работниците, дека наводно би било во нивен интерес да гласаат против формирање на синдикатот.

Во нејзиниот напис за The Nation, писателката и долгогодишна организаторка на работнички движења, Џејн МакАлви смета дека во кампањата на потенцијалниот синдикат недостасувал разговор со работниците надвор од работното место (односно во нивните домови каде тие би се чувствувале побезбедно отколку во магацинот на „Амазон“ каде се под строг надзор) и дека организаторите лошо се справиле со контра-кампањата на „Амазон“ околу плаќањето на синдикалните придонеси. МакАлви смета дека уште еден дополнителен проблем бил фактот што организаторите на неуспешниот синдикат иницијално сметале дека во магацинот работат околу 2.000 работници, но всушност работеле 5.800 работници. Таа верува дека несигурноста околу точниот број на работниците во магацинот е една од клучните грешки на организаторите.

„Кога, како многу млада бев обучувана да бидам организаторка на синдикати, од страна на синдикат наречен 1199, научив дека треба да поднесувам [барање за синдикат] со не помалку од 75 проценти од работниците со членски карти – ниту 30%, ниту 40%, ниту дури 55%. Претпоставуваме дека 25 насто од нашите гласови ќе бидат избришани од страна на агресивни разбивачи на синдикати,“ рече МакАлви во интевју за Democracy Now!, објаснувајќи дека во борби со големи компании како „Амазон“ мора работниците да очекуваат нефер игра. Се чини дека поддршката од влијателни политичари не беше доволна за да успее обидот за формирање синдикат, односно овој пораз на работниците имплицира дека „Амазон“, како приватна компанија има поголема моќ во САД отколку многу од политичарите.

„Амазон“ и работничките права во Европа

„Амазон“ веќе има операции во многу држави надвор од САД, вклучително и во повеќе земји во Европа. Компанијата има магацини во овие европски држави: Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Чешка, Полска и Словачка, а испорачува парцели до многу повеќе држави вклучително и С. Македонија. Не се знаат точните информации за тоа какви се работните места во сите овие држави, но работници на „Амазон“ од Франција, Италија, Шпанија и Полска штрајкуваа лани заради лоши работни услови за време на пандемијата. Mинатиот месец два магазини, организирани од страна на синдикатот „Верди“ во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија штрајкуваа четири дена барајќи повисоки плати. Постојат и локални движење против „Амазон“, како анти-капиталистичката иницијатива Berlin vs. Amazon во Берлин, Германија, преку која локалните жители се противат на отварање на канцеларии на „Амазон“ во населбата Фриедрихштајн („Амазон“ веќе има други канцеларии во Берлин). Имено, жителите на Фриедрихштајн се противат на овие поенцијални канцеларии поради лошата репутација која компанијата ја има околу работничките права, но и бидејќи сметаат дека доаѓањето на мултинационалната корпорација ќе има негативни ефекти врз локалните мали бизниси, но и врз потенцијалното зголемување на кириите како резултат на процесот на гентрификација (односно комплексниот процес каде се менува карактерот и економските трошоци во една населба поради доселување на побогати жители или отварање на бизниси кои привлекуваат жители од повисока економската класа што може да резултира во тоа да жителите кои првично живееле во таа населба веќе не можат да си дозволат да живеат таму).

Како компанија, која е раководена од најбогатиот човек во светот, и како компанија која постојано се шири во најразлични држави, прашање е дали и кога „Амазон“ ќе стигне во земјите на Балканот и во С.Македонија, каде просечните плати се далеку пониски отколку во САД и Западна Европа.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.