Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасада на САД на прашања на НоваТВ: На 24 септември стартува реализацијата на првата фаза од проектот за дигитализација кој е плод на „тројното партнерство“ на САД, Естонија и Северна Македонија

0
By Mirjana on September 16, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Знамиња-Америка, Естонија, НАТО
Фото: СДК/Амбасада на САД во Талин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По информацијата дека Соединетите Американски Држави во соработка со една земја од Европскта Унија, во случајот Естонија, ќе го помогнат македонскиот пристап кон Европската Унија, односно во делот на реформите со цел земјата поподготвена да влезе во процесот, на нашите прашања до Американската амбасада за самиот проект, за неговите цели и зошто за земја партнер е избрана точно Естонија, од амбасадата ни го испратија следниот одговор:

Амбасадата на САД, заедно со Естонскиот центар за меѓународен развој (ЕСТДЕВ) и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) при Владата на Северна Македонија, лансираа „тројно партнерство“  за да обезбедат техничка поддршка и помош од Естонија и нејзините добро водени институции, во насока на поддршка на севкупниот развој на Северна Македонија и на целите поврзани со пристапувањето кон Европската унија (ЕУ). Првата фаза од проектот се фокусира на напорите за дигитализација и е-управување за промовирање на добро управување и економски раст, стои во одговорот на Американската амбасада на прашањето на НоваТВ за проектот и неговите цели.

Почетната фаза на проектот која е проектирана да трае 18 месеци и која официјално ќе стартува во Скопје на 24 септември, се финансира преку грант од САД во износ од 250.000 американски долари и 100.000 долари од Естонија. Проектот ќе го спроведува Естонскиот центар за меѓународен развој (ЕСТДЕВ) со седиште во Талин, кој работи под покровителство на Министерството за надворешни работи на Естонија.

Експертите на (ЕСТДЕВ) ќе бидат на терен во Скопје од недела 19 септември, на еден вид турнеја за утврдување на факти за да разговараат со владата, претставниците на граѓанскиот сектор и приватниот сектор и донаторската заедница, за да се утврди каде нивните средства би можеле да бидат од најголема корист за напредок на Процесот на дигитализација на Северна Македонија.

Лого на проектот во кој се поредени боите на знамињата на Естонија, САД, ЕУ и на Република Северна Македонија

Дигитализацијата, кога е правилно имплементирана, може да донесе огромни придобивки за една земја. Освен едноставното обезбедување подостапни државни услуги, промовира правичност и транспарентност, помага во негување на обновената доверба и се покажа како ефикасна алатка во борбата против корупцијата. Естонија се соочи со истите преодни предизвици во деведесетите години со кои се соочува Северна Македонија денес, и преку (ЕСТДЕВ) може да ги примени научените лекции од нејзиното реформско патување за денешната ситуација овде.

Соединетите држави гледаат на демократска и просперитетна Северна Македонија како на нејзин геостратешки интерес. Надежите за соработката се  дека ќе го негува односот меѓу двете земји што, покрај промовирањето на дигитализацијата, ќе и овозможи на Владата извор на совети и насоки паралелно со продолжувањето со реформите. Покрај тоа, оваа иницијатива може да обезбеди основа двете земји да соработуваат во други клучни сектори, како што се младите, граѓанското општество и приватниот сектор, стои во одговорот од амбасадата на САД кај нас.

На прашањето зошто Естонија? од Американската амбасада во Скопје ни одговорија:

„Во 1990 -тите, Естонија се соочи со слични предизвици со оние на Северна Македонија денес. Одливот на мозоци, корупцијата и внатрешните етнички поделби беа сериозни предизвици за аспирациите на земјата кон ЕУ и НАТО, како и за целокупната стабилност во регионот. Земјата успешно се справи со овие проблеми, а денес се истакнува како успешна приказна и модел за други земји кои преземаат чекори кон слични транзиции. Таа е приближно со иста големина како Северна Македонија и се соочила со внатрешни поделби по етничка линија што се заканиле да ја поткопаат безбедноста на земјата. Естонија имаше ниско ниво на доверба во јавноста, страдаше од значителна миграција надвор и се бореше против корупцијата. Денес се смета за успешна приказна на ЕУ – една од најдигитализираните земји во светот, стабилен сојузник на НАТО, со високо ниво на доверба во јавноста и значително подобрена етничка кохезија“, стои во одговорот на Американската амбасада на прашањето на НоваТв за проектот и неговите цели.

Мирјана Трпческа

 

Амбасаада САД Дигитализација проект со Естонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.