Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорката Шурман: Тешка е да се разбере потребата од демонстрација на сила

0
By Влатко Чаловски on October 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Вознемирена сум и жалам за непропорционалното безбедносно присуство на сила кое ги спречи мирните протести на новинарите и граѓаните во одбрана токму на слободата на изразување“, вели за НОВА, амбасадорката на Холандија во Македонија, Мариет Шурман.

Таа надополнува дека, тешка е да се разбере потребата за масивна демонстрација на сила, како што е тешка да се разбере долгата казна без преседан за Кежаровски.

„Со оглед на немирите и стравот што оваа казна ги предизвика кај граѓаните, очекувам пресудата напишана да се објави во најкус можен рок. Судовите зборуваат преку нивните пресуди, и само напишаните пресуди можат да служат како уверување дека правдата е донесена неселективно, на независен начин, преку соодветен процес, и со должно почитување на темелната вредност на слободата на изразувањето“, потенцира Шурман.

Нејзината изјава доаѓа откако новинарите, новинарските здруженија и граѓаните вчера беа спречени од претставниците на полицијата да влезат во Музејот на македонската борба.

Како што претходно најави Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски, протестот беше организиран во знак на солидарност и поддршка на новинарот Томислав Кежаровски кој „доби“ четири и пол години затворска казна за текст напишан во 2008 година. Пресуда на која реагираа многубројни домашни и странски организации, меѓу кои и ОН, ОБСЕ, и Меѓународен ПЕН.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.