Судот во Приштина по првото рочиште одреди мерка притвор за сите осомничени за воени злостроства, меѓу нив и актуелниот амбасадор на Косово во Албанија, Сулејман Селими.
– Ова е скандалозна одлука, таа е само еден спектакл на ЕУЛЕКС за да го сврти вниманието од прашањето за северот. Веднаш ќе поднесеме жалба, кусо изјави адвокатот на Селими, Том Гаши.
И адвокатот на претседателот на општина Скендерај, Сами Љуштаку изјави дека неговиот клиент е невин.
Судската одлука била соопштена во раните утрински часови, односно 12 часа по отпочнувањето на рочиштето, вчера во 15 часот.
Пред судот била насобрана маса од околу 200 луѓе, а полицијата побарала од пратеничката Ганимете Муслиу да се разотидат за да не ја попречуваат работата на судот и полицијата, што, по кусо и било направено.
Селими и уште 16 други лица, сите членови на „Групата од Дреница“ се товарат за воени злосторства врз цивилното население, апсење, тортура и нечовечко однесување врз лица кои биле во центарот на ОВК кој се наоѓал во близина на Скендерај. По истрагата обвинителот на Еулекс покрена обвинение против нив, а пред два дена беа притворени неколкумина од нив