Амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Герт Аренс во моментов е во ДИК, на состанок со претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко.
Состанокот се одржува зад затворени врати.
Поради ова моментално е во прекин итната седница ДИК која започна претпладнево и тоа на барање од Општинската изборна комисјиа Куманово за претходна пријава за одземен гласачки материјал од три избирачки места од Куманово.
До ДИК пристигнале два дописи од ОИК Куманово и три наредби за увид и одземање на избирачки список од истражниот судија.
Во видеото погледнете дел од днешната расправа во ДИК.
Додека претседателот на ДИК, Борис Кондарко, констатираше дека ДИК нема право да се меша во работата на ниту еден државен орган, со тоа и на сидските органи.
Членот на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, му реплицираше и рече станува збор за незаконит упад на истражниот судија во изборниот процес и при тоа се врши проитисок при решавање на приговорите.
Ибраими побара преиспитување на работата на овие судии од страна на државниот Судски совет.