Израелските војници треба да добијат Нобелова награда за «незамисливото воздржување» што го покажуваат во борбите со Хамас, рече вчера израелскиот амбасадор во САД Рон Демер.
Оваа изјава беше дадена на еден настан организиран од групата Единствени христијани за Израел.
Демер ги спореди пукањата на Хамас со германските бомбрадирања врз Лондон во текот на Втората светска војна. Тој се побуни против оние кои го обвинуваат Израел за геноцид и кои го ставаат на обвинителна клупа за воени злосторства.
«Вистината е дека израелските сили треба да добијат Нобелова награда за мир бидејќи покажуваат незамислива воздржаност», рече Демер.
Нешто подоцна амбасадорот беше далеку повоздржан кога одговарал на прашањата на новинарите вејелќи дека Израел «не е перфектен, и ние правиме грешки».
«Ракета може да експлодира на лошо место, може да има грешки до разузнавањето но никогаш не ги целиме цивилите. Израел никогаш не ги зема цивилите за цел. Кога е убиен цивил тоа значи дека операцијата е неуспешна и е трагична», додаде Демер обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација.