Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадорот во Лондон со писма собира верници

0
By Нова ТВ on June 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот на земјава во Кралството Велика Британија ја повикува тамошната дијаспора да се зачлени во црковниот одбор на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, “Св. Архангел Михаил и сите Свети Ангели – Лондон” кој од неодамна е формално регистриран. Македонци кои живеат во Британија ни пишаа дека од денеска амбасадата почнала да дистрибуира електронска пошта преку која лично амбасадорот Донев ги повикува и моли да станат членови на одборот.

-Амбасадорот Донев лично ве повикува и замолува согласно своите желби и можностите да станете член на ова здружение. Здружувањето и самоорганизирањето на македонската дијаспора во Обединетото кралство, е потреба, не само на самата дијаспора, туку и на Република Македонија.

Донев во емаилот до дијаспората ја објаснува и потребата од членство во црковниот одбор велејќи дека „видот и обемот на активностите би се подобрил и зголемил, но би се отворила и можност за евентуално аплицирање пред Советот на Вестминстер за добивање на посебен простор“, а на крајот од писмото помалку филозофски го надопололнува објаснувањето.

-Стара вистина е дека секоја нација, а во тие услови и секоја дијаспора, во услови на глобален натпревар најдобри резултати постигнува кога зборува во еден глас. Во овој момент не постои никаква објективна причина зошто по примерите на нашите дијаспори во останатите европски и вон-европски држави и дијаспората во Обединетото Кралство да не го направи тоа, пишува амбасадорот Донев.

Отец Пимен од Европската епархија надлежна за ограноците во европската дијаспора за НОВА вели дека тој не го контактирал лично амбасадорот, но тамошниот Отец Виктор кој служи во Лондон го договорил овој потег. Вели, го замолиле Донев најчовечки да помогне.

„Ние не го ставаме Донев во функција на црквата, но тој со својот авторитет може да ни помогне во членство и донации сите граѓани и верници“, вели Отец Пимен.

На прашањето на НОВА дали амбасадорот ги претставува само православните верници или сите граѓани на Македонија, Отец Пимен вели „ние не го ставаме Донев во функција на црквата, но тој со својот авторитет може да ни помогне во членство и донации“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.