Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбуланти немаат лек против предозирање

0
By Менче Атанасова Точи on November 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравствените домови во државата не набавуваат ампули Налоксон, кои спасуваат живот при предозирање на зависниците, или пак набавките ги прават кампањски тврдат во невладината организација ХОБС.

Лекот Налоксон спасува човечки живот кај предозирања со хероин и метадон доколку се даде веднаш, но многу Здравствени домови и Служби за итна медицинска помош во државата не го предвидуваат во своите месечни и годишни набавки, со исклучок на две- три здравствени установи. Ова значи дека повеќето градови го немаат овој лек кој спасува живот кога некој млад човек ќе побара помош при предозирање.

-Апелирам до Здравствените домови во своите набавки за 2014 година да го планираат Налоксонот бидејќи не можеме да знаеме колку предозирања може да има, а лекот е ефтин, чини само 100 денари ампула. Секоја здравствена установа треба да го има овој лек, а доколку не се употреби подобро е да се фрли отколку да се изгуби млад живот, изјави за НОВА Христијан Јанкуловски извршен директор на ХОБС.

Според истражувањето кое го направиле во оваа невладина организација само во последните три години имало 865 интервенции поврзани со дрогата од страна на Итната медицинска помош и Клиниката за токсикологија. Не е голем трошок доколку се набават околу 1000 ампули годишно, ако се знае дека некому може да спасат живот потенцира Јанкуловски.

Во мај годинава една скопска веледрогерија донирала поголема количина на Налоксон со рок на траење до октомври. На последниот семинар на ХОБС медицински лица од скопската Служба за итна медицинска помош се пожалиле дека ќе останат без неопходниот лек бидејќи рокот на траење од донираните ампули истекол и треба да се фрлат, а нивното уништување во Дрисла дополнително треба да се плати.

-Има случаи кога луѓе умирале на улица во некои градови, бидејќи медицинската екипа немала Налоксон. И доколку во извештајот лекарот напише дека не го дал лекот бидејќи го немале, се амнестира од одговорност вели Јанкуловски.

На Клиниката за токсикологија каде се препраќаат овие пациенти и тие секогаш мора да го имаат лекот, велат дека се случувало од итната медицинска помош да им донесат пациент на кој не му дале Налоксон.

-Обично образложението беше дека брзале па затоа не дале анти-дот терапија или пак се правдаа дека не можат да му најдат вена за да го боцнат иако се дава и мускулно, изјави за НОВА, Андон Чибишев директор на Клиниката за токсикологија.

Од друга страна, во Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Скопје велат дека имаат доволно од лекот, а донацијата воопшто не земале.

-Ние правиме требување секој месец и имаме Налоксон со добар рок на траење, не сме земале од ампулите кои биле донација, изјави Маја Поповска раководител на Службата за итна медицинска помош.

Пред неколку месеци пропаднал и тендерот за овој лек кој го распиша Министерството за здравство бидејќи се јавила само една веледрогерија која немала дозвола за негова дистрибуција. Извори за НОВА од оваа институција велат дека сега се прават анализи како да се набави лекот за наредната година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.