Љупчо Поповски: Значи, ако претседателот смета дека со укинувањето на законот за спречување корупција тоа ќе значи „многу повеќе бизнис за Америка“, зарем не би требало да се сомневаме оти американските бизнисмени кои дојдоа на разговор во македонската влада со идеи за инвестирање во енергетиката и дигиталната инфраструктура би можеле да понудат поткуп до официјалните македонски лица за да ги добијат зделките. И американскиот закон за тоа да не ги гони. Според Трамп, тоа би била добра работа за Америка. Навистина, барем засега, ништо веќе не исто. Како што и пораките и на оваа амбасадорка и тие пред неа за борба против корупцијата и ослободување на судството од политичките стеги сега изгледаат passé. Линк