Американскиот производител на течен гас Freeport LNG објави дека нивниот погон во Тексас, оштетен од експлозија, ќе продолжи со работа дури во септември, најавувајќи нови проблеми за Европа која бара замена за рускиот гас.
Погонот учествува со една петтина во извозот на ЛНГ на САД и важи за главен снабдувач на европските купувачи кои трагаат по алтернативни извори на снабдување.
„Пукнатина на гасоводот од прекумерен притисок предизвика експлозија и пожар на 8 јуни, па работата во фабриката Квинтана беше прекината“, соопшти компанијата, додавајќи дека погоните за преработка не се оштетени.
Погонот ќе продолжи да работи и во септември, но со ограничен обем, посочија оттаму и додадоа дека очекуваат враќање на полн капацитет до крајот на годинава.
Погонот Фрипорт, според консултантската компанија „Ристад енерџи“, испорачува околу шест милиони кубни метри природен гас дневно и работи со речиси полн капацитет во последните месеци.
„Околу 3,3 милиони кубни метри отишле во Европа од мај, во споредба со 2,3 милиони во март“, објави „Ристад енерџи“.