Амариканскиот претседател Џо Бајден повторно упати остри зборови кон рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „обичен насилник“.
Американски медиуми, вклучително и Си-Ен-Ен, пренесува МИА, ги цитираат зборовите на Бајден кажани на вчерашниот настан по повод посетата на ирскиот премиер Лео Варадкар на САД.
На годишниот официјален ручек по повод Денот на Свети Патрик во Капитол, американскиот претседател ја коментираше воената помош за Украина која е блокирана во американскиот Конгрес.
Во својот говор, Бајден изјавил дека Путин е силеџија кој води неморална војна против украинскиот народ. Истовремено, тој ги повикал сите присутни на настанот „да му се спротивстават на Владимир Путин“.