Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американскиот специјален пратеник Габриел Ескобар во недела пристигнува во БиХ

0
By Ivana on November 2, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во недела ќе пристигне во официјална посета на Босна и Херцеговина, јави порталот Кликс.ба.

Долгоочекуваната посета на Ескобар ќе се случи кон крајот на оваа недела и почетокот на следната недела. За време на престојот во БиХ, американскиот функционер ќе оствари бројни разговори со политичките лидери во земјата.

Оваа посета се очекува по седницата на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во БиХ, која најверојатно ќе се одржи утре.

Многумина очекуваат тој да излезе со конкретни решенија за актуелната политичка криза, односно да создаде процес на деблокирање на институциите и да го спречи колапсот на институциите на Босна и Херцеговина, пишува порталот.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Западен Балкан пристигнува во време на длабока политичка криза во БиХ, а неодамна изјави дека потезите на членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик се незаконски и дестабилизирачки и ги повика политичките лидери во БиХ да не одговараат на неговата реторика со што дополнително ќе ја заострат ситуацијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.