Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ампева: Работниците кои ќе работат за Водици им следува празнична дневница

0
By Ivana on January 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели за МИА, Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на своите работни места и ќе тече производството, но на работниците доколку се на работните места и за нивниот труд им следува празнична дневница.

-Ги известуваме работниците и работничките кои ќе работат на 19.01.2022 година, Богојавление – Водици, дека им следува празнична дневница поради работа на празник и доколку не им е соодветно платено кога ќе земат плата за јануари 2022 година, да пријават за да можеме да реагираме до Државниот трудов инспекторат со цел да се задолжат работодавачите да го исплатат секој труд кој работникот го вложува во своето работење за време на празници, вели Ампева.

Правникот во НВО „Гласен Текстилец“, Иван Николов објаснува доколку на пример дневницата изнесува 1.000 денари, а работникот работи утре за време на верскиот празник истата се зголемува за 50 отсто и тоа значи дека на платата за јануари треба да добие празнична дневница од 1.500 денари. Посочи дека загрижува тоа што утре поголем дел од погоните од текстилната индустрија ќе работат, а тие како „Гласен Текстилец“ будно ја следат ситуацијата и ќе достават пријави до Државниот инспекторат за труд по истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, за инспекторите да проверат дали на работниците им се исплатени празнични дневници. 

Во новиот Закон за работни односи ќе побараат сите верски празници да бидат неработни, освен за оние работници кои писмено ќе побараат да работат за време на празник, а за возврат да добијат празнична дневница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.