Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анакиев:Некомпетентни луѓе во Министерство за земјоделство

0
By Нова ТВ on August 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За жал, ние на чело на Министерството имаме некомпетентни луѓе кои не се разбираат во земјоделството. И највисоко поставените советници исто така не се агрономи. Мислам дека тука има сериозни грешки кои мора да се исправат, вели професор Борис Анакиев, во интервју за Радио Слободна Европа .

Проф. Анакиев вели дека Македонија воопшто и не е земјоделска земја:

-Пред се не знам зошто ја прогласија за земјоделска земја. Земјоделска земја не може да биде со учество во бруто домашниот производ со 8 до 10 отсто или со земјоделско население според пописите 11,9 отсто.

Тоа не е земјоделска земја, ние сме нормална земја во развој. Беше Македонија земјоделска земја во шеесетите години на минатиот век, кога БДП се формираше од 60 отсто земјоделски приход, денеска ние не сме земјоделска земја, тоа е погрешно.

Земјоделството е важно за Македонија, но земјоделството во неразвиени земји ништо не може да направи ако не се развиваат другите дејности…

Ние имаме вишок на градинарски производи, вишок на овошје, на зеленчук, на грозје, на тутун и на јагнешки производи. Тоа се производи кои мораме да ги направиме конкурентни и да ги извезуваме. Од друга страна треба да направите конкурентни производи за супституција на увозот на жито и на место, на зејтин и на шеќер, тука ни се слабостите. Не можеме да произведеме конкурентно производство и мораме да се согласиме дека треба да го подржуваме земјоделското производство соодветно на тоа каде кои можности можеме да ги оствариме.

Но, за финансиската поддршка за земјоделството, тн, директна финансиска поддршка на земјоделството, проф. Анакиев вели:

-Многумина ја мешаат со зборот субвенции, тоа не е субвенции. Субвенции дава Македонија на семенски материјал, на осигурувањето, тоа се субвенции, генерално нашата влада го поддржува финансиски земјоделството, тоа е модел на ЕУ.

Сепак, и покрај овие слаби перформанси, експертите никој не ги консултира, ниту пак користи, вели проф. Анакиев:

-Никој не ве ферма, како реагираат. Нашиве научни институти имаат директори кои не можат да се побунат, кои се, како што знаете, партиски функционери и тоа така си тече, но тие не се виновни. Не се виновни што генерално нема идеи, ни Министерството за земјоделство нема идеи зошто ни се случуваат вакви работи, зошто ние не можеме да го покренеме приносот на пченица од 3 тона по хектар, три тона по хектар не е исплатливо.

До кога мислиме дека на овој начин ќе го штитиме домашното производство? До кога? Тоа не можеме постојано да го правиме, еве сега Србија најавува дека ќе не блокира итн., ние лошо име стекнуваме на светскиот пазар со тоа што реметиме или со административни мерки спречуваме увозот, вели проф. Анакиев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.