Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари за НоваТВ: Ќе расте притисокот врз власта за предвремени парламентарни избори

0
By Mirjana on October 18, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во отсуство на официјални резултати од првиот круг на седмите по ред локални избори во државава, дел од аналитичарите што ги контактира НоваТВ, извлекуваат заклучок врз основа на освоените гласови, дека сега притисокот врз власта ќе биде голем за организирање на предвремени парламентарни избори а притисокот врз парламентот дополнително ќе расте со блокада на неговата работа. Власта милува, но корупцијата урива, го почнува својот став новинарот и аналитичар Зоран Иванов. Тој не исклучува, ваквата состојба да резултира со „сите во парламентот“, доколку надвладее разумот, за да се протуркаат реформите без опозиција.

Foto: Plusinfo.mk

– Без оглед на епилогот од вториот, првиот изборен круг од локалните веќе отвори нова политичка димензија. Притисокот врз власта ќе биде поголем, парламентот дополнително блокиран, се подотвори вратата за нови предвремени парламентарни. Со еден вака релативно изедначен рејтинг на носечките политички сили СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, можно е конечно сите да се најдат во извршната власт и да добиеме, макар на краток но реформски ефективен парламент без опозиција. На ова упатува и се послабиот рејтинг на ДУИ и растечкиот на другите партии од т.н. албански блок.

Ќе се случи ли конечно тоа од непартиското граѓанство долго очекувано „помирување“ или ќе продолжат ситните и покрупни политикантски подметнувања и натегања по примерот на времените „пржински“ влади конструирани во услови на длабоки политички кризи и под влијание на  меѓународниот фактор или пак, овој пат, сепак ќе надвладее политичката зрелост и ќе се почитува волјата  на гласачите, ќе знаеме за 30-тина дена.

Власта милува, но корупцијата урива. СДСМ си го плати цехот не само со Преспанскиот и со застојот во ЕУ интеграциите, туку, пред се, поради непотизмот и клиентелизмот, со разните поситни и покрупни афери и сето заедно со фактот што, во неколку наврати силно ветените кадровски „метли“, сепак не профункционираа. Главно поради последново, партиските симпатизери засега му ја откажаа љубовта.

ДУИ е посебна приказна. Две декади на власт е премногу. И покрај фактот што партијата има носечки институционален придонес за албанската заедница, гласачкото тело од неа е презаситено. Се изродија нови генерации кои полека но сигурно „партизаните“ ги праќаат во „заслужена“ пензија.

Се на се`, изборните пораки ќе бидат идентични и во вториот круг. Граѓаните манифестираат нагласено незадоволство. И со гласањето и со негласањето“, смета новинарот и аналитичар Зоран Иванов.

Алберт Муслиу за НоваТВ  изјави дека СДСМ не доживеа дебакл во првиот круг а ВМРО-ДПМНЕ се врати во средините каде што беше порано.Тој смета дека сеуште има време пред вториот круг од изборите , власта да ги консолидира редовите и да обезбеди подобар скор.

Foto: Slobodenpecat.mk

– На локалните избори се гласа за локални теми и прашања, колку и да ги релативизираат овие практични прашања за секојдневното функционирање на граѓаните, тие оставаат сериозна рефлексија. СДСМ треба длабоко да се запраша дали грешката е во ПР-от или во работата на градоначалниците. Од друга страна кога човек ја има апсолутната власт, Влада, Претседател и Локална Самоуправа, тоа понекогаш дава комоција а таа комоција се отсликува и врз работата на градоначалниците. На локалните избори битен е вториот круг кога се стеснува изборот. Верувам дека ќе изнајдат начин да ги консолидираат редовите и со сите оние што настапија самостојно во првиот круг да ја обезбедат поддршката за вториот. Две недели до вториот круг се сериозен тајминг за  да се направи тоа а СДСМ го може тоа поради големиот коалициски капацитет што го има. А, онаму каде што е завршена работата во првиот круг да се излезе и да им се честита“, вели Муслиу за НоваТВ.

За став го прашавме и новинарот и аналитичар Тодор Пендаров. И тој како и Иванов, за НоваТВ, вели дека сега очекува притисокот врз власта да порасне за предвремени избори, парламентот се повеќе да има проблем со кворумот, а и дека не треба да се занемари растот на Левица која сериозно почна да се  наметнува како трета политичка сила.

Foto: Faktor.mk

– Ако повлечеме линија под вчерашниот прв круг на локалните избори како генерален заклучок може да се каже дека преставува победа за опозицијата.  Тука мислам како во македонскиот така и во албанскиот блок. Инаку самиот изборен ден помина мирно освен одредени проблеми со фингер принтовите кои оваа наша “богата“ држава ја чинеа 11 милиони евра.Од друга страна предизборната кампања помина како сите досегашни максимално негативна, при што главна цел беше да се оцрни политичкиот противник. Како и да е од  првиот круг на локалните избори  „Левица“ на Апасиев  навестува тенденција да стане трета политичка партија во државата. Лично за мене е многу важен вториот круг и тоа  во  Скопје, во Тетово и во Куманово па донекаде и во Карпош. Имено според  сеуште неофицијални реултати во Скопје Данела Арсовска води со околу 4 илјади гласа пред Шилегов, додека во советот води ВМРО-ДПМНЕ.

Во Тетово во вториот круг влегуваат Теута Арифи (ДУИ) и господинот и Билал Касами (БЕСА). И двете партии на ниво на држава се коалициски партнери на СДСМ и на Заев. И сега се наметнува прашањето кого СДСМ ќе  подржи во вториот круг?  Во Куманово исто така ќе биде интересно. И тука се поставува прашањето кого ке поддржи ДУИ ама и ВМРО-ДПМНЕ. Ако во Карпош  во вториот круг  ВМРО-ДПМНЕ го подржи Јакимовски тогаш  тој ке биде и победникот. Како и да е мислам дека сега од страна на опозицијата ќе се зголемат притисоците за предвремени парламентарни избори. За очекување е дека ке имаме  нефункционален парламент односно ќе биде проблем за обезбедување на кворум. Од сето ова може да се претпостави дека започнува крајот на Заев како премиер. Но тоа не е проблем. Проблемот е дали ќе добиеме нешто подобро. Лично не сум убеден“, вели новинарот и аналитичар Тодор Пендаров во неговото гледиште за исходот од првиот круг од локалните избори и што би се случувало понатаму односно на какви „маки“ во функционирањето би била изложена власта.

М.Т. 

 

Аналитичари за прв круг локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.