Мирјана Малеска: Се разбира, Уставот не е табу тема. Тој се менувал и може да се менува во согласност со реалните потреби на граѓаните. Оваа анализа само укажува дека национализмот ги оддалечува граѓаните од различна националност едни од други. Исто така, укажува дека секоја амандманска промена на Уставот бара соодветна процедура, инаку сè друго е кревање на меѓуетничките тензии во општеството.
Конфронтацијата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова со соседите, Брисел и Вашингтон околу договорот од Преспа и договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, ги усложнува меѓуетничките односи, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ бара време за нови преговори а коалицијата ВЛЕН и останатите парламентарни партии во опозиција, бараат продолжување на преговорите со ЕУ што е можно побргу.
Се чини дека големата изборна победа на националистите, може да се покаже горчлива. Линк